Во рамките на престојот во Атина по повод учеството на дводневниот самит „Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорката на Соединети Американски Држави во Грција, Кимберли Гулфојл.
Во пријателска и конструктивна атмосфера беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на енергетската соработка, енергетската безбедност и можностите за продлабочување на партнерството во областа на инфраструктурните и стратешките енергетски проекти.
Соговорничките се осврнаа и на неодамна одржаниот стратешки дијалог во Вашингтон, каде енергетиката беше една од централните теми, при што беше потврдена заедничката заложба за зајакнување на регионалната соработка и поддршката на енергетската транзиција.
Министерката Божиновска ја информираше амбасадорката за текот на активностите поврзани со изградбата на гасниот интерконектор со Грција, како и за посветеноста на Владата на Република Македонија кон реализација на проекти што ќе придонесат за поголема енергетска стабилност, диверзификација на изворите на снабдување и зголемување на регионалната поврзаност.
Заеднички беше подвлечена потребата од зголемување на обемот на американски инвестиции во енергетски и инфраструктурни проекти во Македонија и регионот, особено во делот на гасната инфраструктура и модернизацијата на енергетските капацитети.
На средбата, министерката Божиновска упати покана до амбасадорката Гулфојл во блиска иднина да ја посети Република Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерот Перински ќе се обрати пред светски лидери и министри во Баку на Светски урбан форум 13
Премиерот Мицкоски од Виница денес соопшти дека почнува реализацијата на проектот за експресниот пат Делчево- Виница- Кочани
Реконструиран крак од улицата “Козара” во Берово со пари од Македонската влада