На 16.05.2026 во 14:42 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Плачковица – Штип, во насока од с.Таринци кон с.Стар Караорман, штипско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (21) од с. Јунузлија, општина Карбинци (кој го управувал возилото без возачка дозвола), патничко возило „рено клио“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(45) од Штип и патничко возило „опел зафира“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.М.(47) од Штип. Сопатничката од возилото „фолксваген пасат“ Д.М.(50) од с.Јунузлија се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Штип.
21 годишник од с. Јунузлија, Карбинци учествувал во сообраќајка со повредени, без да поседува возачка

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Зошто еден студент треба да носи потврда од една институција во друга, кога државата веќе го има податокот? Што значи да се служи на граѓаните во 21-виот век?
Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар
Клековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек — сега редот е на превенцијата и на грижата по болницата