Владата останува силен партнер на општините. Во Виница инвестираме во бројни инфраструктурни проекти во патишта и улици, водоводни системи и други проекти за да го подобриме животот на граѓаните, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Виница.
Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Виница, Митко Костадинов, извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и во соработка со општината.
“Навистина ми е драго што сме на почеток на еден ваков убав настан на отворање на пазарот нешто што беше долгогодишно ветување. Мислам дека ова е најдобар доказ дека општината предводена од градоначалникот Митко Костадинов ги реализира работите кои што ги ветува, а со поддршката од Владата и од премиерот Христијан Мицкоски ќе продолжиме во следниот период уште поголеми работи да се реализират. Се работи за една исклучително активна општина, општина која што не е најголема во државата, но по активност се брои со најголемите општини во државата и сакам да честитам на градоначалникот за таа работа.

Покрај отворањето на пазарот и реконструкцијата на главната улица во село Градец, во тек е реконструкција на општински локален пат од Блатец до Детлово, понатаму завршена е реконструкција на Ванчо Прке во Виница, завршена е реконструкција на кровот од административната зграда на општината, завршено е осветлувањето на просторот на Градскиот парк и пред стадионот во Виница. Во тек е реконструкција на улици во село Блатец, завршена е реконструкција на дел од улица 4 во село Јакимово, завршена е реконструкција на улици Раде Кратовче, Кочо Рацин, Пролетерска, Ѓорче Петров, Блок 18 итн. Паралелно со тоа, заедно со Светска банка завршивме со реконструкција на улицата Страшо Пинџур, завршена е изградбата на улица во село Црн камен, во тек е изградба на улица во село Јакимово и завршена е промена на улично осветлување во должина од околу 15 км на сите улици. Ова се проекти на кои што навистина може да позавидат и поголеми општини. Ќе продолжиме во следниот период, во координација со премиерот Христијан Мицкоски и со министрите во Владата да помагаме на општината и на градоначалникот и ќе имаме многу убави вести во периодот кој што следи.” – изјави вицепремиерот Николоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пејач од поранешните ју-простори сними песна за Македонија
21 годишник од с. Јунузлија, Карбинци учествувал во сообраќајка со повредени, без да поседува возачка
Средба на министерката Сања Божиновска со амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гулфој