БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на прес конференцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНе од Штип:

“Почитувани,
Корона вирусот предизвика сериозни и трајни последици во најважните сектори за развој на економијата. Една од најпрофитабилните извозни гранки – земјоделството, се соочува со огромни загуби. Меѓутоа, Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува превентивни мерки за негативните состојби во периодот кога е главната производна сезона.
Затоа, проектот Обнова го планира следново:
1.      Пазарно-ценовни мерки, како и мерки со кои ќе се помогнат извозниците и транспортерите за нивен настап на странските пазари.
2.      Пласман на производителите на зеленчук и овошје, при што ќе се обезбедат дополнителни плаќања по единица капацитет, како мерка со која ќе се обезбеди производителите да остварат соодветен доход.
3.      За да се превенира проблемот со откупот на винското грозје, најпрво ќе се интервенира кај винарските визби со цел тие да се ослободат од залихите на вино од претходните реколти. Доколку има сериозно нарушување на цените на винското грозје, владата ќе интервенира со дополнително плаќање по еден хектар лозов насад.
4.      За да им помогне на извозниците на земјоделско-прехранбени производи, владата ќе креира мерки за маркетинг промоции и кампања и ќе преземе мерки за покривање на зголемените трошоци.
5.      Во делот на преработувачката индустрија владата ќе помогне оваа индустрија да ги откупи сите домашни количества на овошје и зеленчук и ќе се овозможи поддршка во набавка на суровини од странство.

Ова се само дел од мерките на кои се обврзуваме.
Македонија заслужува Обнова!”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот