БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Координативен состанок на ОИК, МВР, ЕЛС, Јавно обвинителство и политички партии во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во просториите на Полициската станица во Делчево се одржа координативен состанок на Општинската Изборна Комисија во Делчево со претставници на МВР од ПС ОН во Делчево, Локалната самоуправа, Јавното обвинителство и политички партии учесници на изборите.

Состанокот беше реализиран во насока на запознавање на присутните на состанокот и јавноста за законските импликации во однос на нарушувањето на предизборниот и изборниот процес.

Учесниците на состанокот секој од свој делокруг на работа се осврна на актуелниот тек на изборниот и предизборниот процес, особено во делот на имплементација на текот на гласањето во услови на примена на заштитни мерки од Ковит-19. Претседателот на Општинската изборна комисија апелираше до припадниците на МВР доследно да ги применуваат законите во рамки на нивните ингеренции во обезбедувањето на избирачките места и објектите каде што се врши гласање.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во делот на ингеренциите на МВР свое обраќање имаше Командирот на ПС ОН Делчево Стојан Димитровски кој ги појасни ингеренциите на полицијата како и подготвеноста да овозможат спроведување на фер и демократски избори.

Од Основното јавно обвинителство од Делчево свое обраќање имаше Јавниот обвинител Бранко Тричковски кој ги наброи накратко одредбите од Кривичниот законик кои третираат прашања за санкционирање на прекршителите на истите.

Од ЕЛС Делчево свое обраќање имаше Инспекторот Љупчо Симоновски кој ги образложи прашањата од неговиот делокруг на работа околу истакнувањето на промотивни материјали на јавни површини во Делчево.

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево Горанчо Тодоровски ги алармираше присутните за притисокот, следењето и заканите врз партиските кандидати од опозицијата при што беше скршена шофершајбна на семејното возило на еден од кандидатите како и физичкото следење на кандидатката за пратеник на опозицијата од страна на НН лице со службено возило во сопственост на јавна институција. Исто така тој го истакна својот апел и настојувања надлежните институции доследно да си гио спроведуваат своите законски надлежности и да ги санкционираат прекршителите на соодветните закони без разлика на партиската припадност.

Претседателот на ОО СДСМ Делчево Влатко Величковски реагираше за носењето на партиски амблеми во институциите како и (според него) за инсценираните два инциденти од страна на опозициската партија за кои што се зборуваше. Тој го изрази своето убедување дека на терен работата била најнормална од страна на активистите на СДСМ и ја потенцираше примената на заштитните мерки во изминатиот период.

За на крај на состанокот двајцата претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се поздравија симболично во насока за обезбедување на фер и демократски избори.

Дел од излагањата од состанокот погледнете ги во сл. видео во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace