БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Млади за Македонија објавија историска мапа од Македонската империја како одговор на негирањето и провокациите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на соопштението на фејсбук страницата Млади за Македонија – Mladi za Makedonija во врска со објавите на одредени поединци преку кои се поттикнува прекројувањето на границите на Балканот и создавање на голема Албанија во чии што делови според прикажаните мапи влегуваат и делови од Република Македонија:

“(СПОДЕЛИ) Како одговор на нeгирањето и провокациите – кои сме и што сме!

Ова е државата што ја изградија нашите претци! Ова е светот што го оставија зад себе нашите претци! Македонија некогаш била прва светска суперсила и до ден денес е единствена држава во целокупната светска историја која успеа да го освои целиот познат свет!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од Јадранот до Хималаите и Тибет, од врелите арапски пустини до студениот Сибир постоеше само една држава – Македонија. Последиците од таа империја по човековата цивилизација драстично се чувствуваат и денес. Државата Македонија имаше помеѓу 115 и 125 милиони жители, а 2/3 од вкупната светска популација живееше во Македонија. Македонците биле 0.2% од населението на тогашната Македонска супер-држава.

И денес кога нашиот народ насекаде е нагиран, понижуван и диксримимиран, сетете се на нашата славна историја!

ООН, Европската Унија и сите политички форми на политичко обединување на народите се директни продукти на македонската национална државна политика. Нашите претци ги обединија народите, ги избриаа границите и создадоа една огромна човекова империја врз основа на космополитизамот. Ние нема од што да се срамите од нашата историја, ние го создадовме космополитизамот и ги обединивме народите!!! Македонската држава е основач на глобализамот!

Во нашите барања, https://mladizamakedonija/platform.pdf, ние бараме враќање на корените на државата Македонија. Односно уставни промени и нова преабула на уставот, со кои формално-правно, во согласност со меѓународното право, Македонија ќе биде прогласена не само за легитимен и директна правен наследник – туку ист правен субјект со Кралството Македонија и Македонската Империја со сите настанати права и обврски!

Со нашите заложби и ангажмани ќе продолжиме да бараме (и доколку имаме можност лично ќе работиме) на формирање на Македоносфера, односно македонска заедница по примерот на Британската заедница (Commonwealth), во која ќе се развиваат добрите пријателски, економски, образовни, инфраструктурни, научни и добрососедски односи со државите кои некогаш биле дел од македонската империја.

Исто така, бараме (и Млади за Македонија интензивно работи) водење особена грижа за правото на самоопределување на Хунзите, Калашите, Јагхобите, Нохурците и сите други народи кои тврдат дека се потомци на македонските колонисти, односно на македонскиот народ. Во моментот Млади за Македонија ги разгледува сите можни за издавање на стипендии и органзирање на патувања меѓу потомците на Македонските колонисти кои се расфрлани по сите делови на Македонската империја,

За крај, сакаме да нагласиме дека ние не велиме да гледаме само назад во времето и да бидеме заглавени во инатото, но напротив – да гледаме напред во иднината! Ако нашите претци стигнале до Индија, ние треба да стигнеме до Кина – во економска, научна, образовна и културна смисла! За ова се бориме и ова ќе го постигнеме!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace