БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Физичка пресметка со секира во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ноќеска околу 01 часот по полноќ пред казиното “Sherry” во Кочани по претходна вербална разправија со секира е нападнат Д.З. член на агенцијата за обезбедување “Unit” кој за време на нападот не бил на должност.Од нападот Д.З. поминал со расекотина на раката, по што напаѓачот бил брутално претепан и приведен во полициска станица.Инаку казиното “Sherry” во Кочани е познато на јавноста по неколкуте физички пресметки кои беа предизвикани во него од страна на припадници на агенцијата за обезбедување “Unit”, а најсериозниот настан беше лани летото кога Жан Железарски пукаше кон сега нападнатиот  Д.З.  и неговиот другар О.Ц. по што се даде во бегство и за него е распишана меѓународна потерница.Нападнатото лице  Д.З. има правосилна судска пресуда и упатен акт за одлежување на затворска казна од 6 месеци за кривично дело “насилство” но истата во моментот е на одложување.Според неофицијални информации станува збор за пресметки во подземјето во Кочани поради нерасчистени сметки околу трговија со наркотици. Како и во минатото Кочани повторно станува центар за пресметки помеѓу криминални групи.

Во полицискиот дневен билтен за овој случај стои:


“На 03.08.2020 во 00.20 часот во Кочани полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода Б.В.(42) од Кочани постапувајќи по претходна пријава на В.Б.(41) од Кочани дека на 02.08.2020 околу 23.30 часот пред казино во Кочани, Б.В. со нож се обидел да го повреди пријавителот откако претходно Б.В. со секира го повредил Д.З. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace