БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Културата го допре дното: Дојде време вработените да молат за плата. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите форми на револт

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Иако надлежните во државата не сакаат тоа јавно да го признаат, започна затегањето на каишот околу стомакот на вработените во јавната администрација. Недомаќинското- расипничко трошење на јавниот буџет пред изборите во функција на предизборен поткуп на граѓаните започна да го зема својот данок. И пак на штета на самите граѓани. Вработените во културата на сите нивоа во државата се уште ја немаат земено својата јулска плата иако таа требаше да им биде исплатена пред 20-тина денови. Дополнително до нас пристигаат повеќе информации за доцнење на плати во повеќе јавни претпријатија во Брегалничкиот регион. Со тоа е загрозен животниот стандард на огромен број на Македонски граѓани кои што едвај преживуваат со своите плати кои пак сега не можат да ги примаат на својата сметка.

Дополнително сите тенденции во однос на државниот буџет и економијата говорат дека во блиска иднина вработените во јавниот сектор уште повеќе ќе ги почувствуваат негативните ефекти од раскалашеното трошење на владата на СДСМ пред во предизборниот период.

Со цел заштита на интересите на вработените во културата, на своја прес конференција Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ ја алармираше јавноста за овој негативен тренд.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Текстот на неговата прес конференција го пренесуваме во целост во продолжение:

“СДСМ повторно се истакнува со лаги, манипулации и неспособност! Културата се бори за преживување! Денес, културните работници се сеуште без плата, а нема ниту најава кога или како ќе им се реши прашањето. Не држат изговорите дека тоа е прашање од технички карактер. Министерството за култура имаше повеќе од 6 месеци да ги заврши административните работи.

Помпезно промовираниот Колективен договор во предизборието, се покажа дека бил само во функција на предизборната кампања.

Уште тогаш алармиравме дека неговото потпишување по донесувањето на буџетот за 2020 година, без обезбедени финансиски средства и со негова примена со одложено дејство, денес се поврдува дека тој имаше една единствена цел – добивање изборни поени. Згора на тоа, не обезбедувањето на потребните средства и по два, нагласувам два ребаланси на буџетот годинава, го потврдува фактот дека Колективниот договор беше само манипулативен трик за целна група, а во случајов културните работници. Инсистираме власта да не губи ни еден ден повеќе и да ги обештети излажаните работници во културата. Со замирање на културата замира државата. Односот кон културата денес, го покажува односот кон сите граѓани утре! Јулската плата веднаш мора да биде исплатена! Владата ги крши своите закони! Тоа е комплетен дилентатизам, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите легитимни форми на изразување на револт, се до постигнувањето на крајната цел – разрешување на сите тековни, правно-административни и финансиски проблеми кои во време на пандемија, уште толку го отежнуваат личниот и професионалниот живот на илјадници културни работници во државата. И да! Одговорност мора да има!”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace