БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сашо Дукоски: попрво Обвинителството ќе се сруши отколку да дозволи телефонот на Боки 13 да се вештачи

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во интервју за неделникот “Република” адвокатот на Бојан Јовановски (Боки 13) зборува за индикативни детали во врска со судскиот процес за случајот Рекет, како и за случајот Меѓународен сојуз во кој што неговиот клиент се товари за рекетарска шема и измама.

Целиот процес е поврзан со нејасни и задкулисни игри и сплетки во кои што вклучени се обвинителството, судот како и повеќе лица од претходната власт од СДСМ.

Дуковски во интервјуто зборува за игнорирањето на материјалот кој што е содржан во телефонот на Бојан Јовановски од страна на обвинителството, а дополнително и лажење од страна на обвинителката дека телефонот бил соодветно вештачен, што се аргументи за сомнеж дека инволвираните во судскиот процес креираат свое сценарио во судницата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Поднесовме три барања за вештачењето на телефонот на Бојан Јовановски но бевме одбиени со образложение дека тие го извештачиле за потребите на обвинителниот акт и дека во тоа сме имале увид. Вистината е дека тој фамозен телефон никогаш не е вештачен, а особено не о вешто лице, вели во интервју за „Република“ , адвокатот Сашо Дукоски.

Тој објаснува дека и истражителот кој се самонарекува форензичар признал дека е без лиценца и оти не извршил вештачење туку анализирал само три слики.

Во телефонот на Боки има многу работи кои би утврдиле поинаква фактичка состојба, фотографии и разговори. Мислам дека попрво Обвинителството ќе се сруши отколку да дозволи телефонот да се вештачи.

-соопшти Дукоски.

Пандорината кутија што Боки ја најавуваше, ќе биде отворена доколку политичарите се појават како сведоци во суд во рамки на судските процеси кои што ги покрена самиот Бојан Јовановски.

Погледнете го во целост интервјуто на Сашо Дукоски во кое што тој дава свој личен коментар во однос на судските процеси кои што се водат прoтив неговиот клиент:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace