Пратеникот во Македонскиот парламент, Иван Јорданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на своите работни обврски беше присутен помеѓу жителите на руралната населба Три Чешми во атарот на Штип..
Од таму тој упати порака дека оваа населба е заборавена од страна на актуелната власт која не успеала да реализира ниту едно од своите ветувања.
“Три Чешми очекуваше многу, но не доби ништо!
Не само што на жителите од оваа населба не им се обезбеди пристојна инфраструктура, кое се гледа од огромните дупки на најфрекфентните сообраќајници во оваа населба, туку не се реализираа ниту ветените проекти.
Децата во подрачното училиште, не ја добија ветената нова спортска сала во основното училиште во населба Три Чешми, а пензионерите не добија поддршка од мобилни тимови кои ќе им помагаат при набавка на храна и лекови.
Оваа населба, наместо да продолжи да се развива, таа во изминативе години стагнираше, а младите имаа причина повеќе зошто да се иселуваат.”
-соопшти Иван Јорданов од Три Чешми.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”