БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Епа чорба, Македонче. Власта ќе ги сузбива основните човекови права, за да воведе поголема безбедност на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Оливер Спасовски кој што 4-ти пат седнува во министерската фотелја за внатрешни работи конечно бил исправен пред голем предизвик: Како да го намали човечкиот фактор при спроведувањето на редот и законот од страна на полициските службеници особено во делот на изрекување на казните.

Очигледно човекот го пропушти она “трето па машко” па сега ќе оди “All in” во неговиот четвртти мандат како министер за внатрешни работи.

Во “домашната задача” зададена од противуставниот мандатар сместен удобно во кондурите на Зоран Заев во т.н. мандатно писмо стои определба да се елиминира односно намали човечкиот фактор при ирекување на казните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Па оттука Спасовски без поширока дебата и овозможување на широк граѓански мониторинг се става во улога на “врховно божество” и си зема за право да воведува нови нивоа на контрола на животите на нас обичните смртници.

Ќе воведувал уште повеќе камери, снимање, следење на граѓани со високо интелегентни софтвери за препознавање на лицето, регистарските таблици на возилата на секој можен агол од јавните простори и сообраќајници, снимање на разговори на полицијата со потенцијалните сторители на прекршоци итн…

Хибридниот режим конечно ќе може да се устоличи како диктатура во нејзиниот најсуров облик за контрола и владеење над животите на секој од нас посебно но и како држава во целост.

Додека Македонските граѓани “спијат” власта предводена од Зоран Заев чиј што најистурен играч е токму Оливер Спасовски ќе воведува систем за сузбивање на основните човекови права на граѓаните, под изговор за зголемување на безбедноста на граѓаните. Целта е контрола на граѓаните и нивните животи во функција на еден недемократски и мафијашки државен апарат кој што е потребно да се одржи во живот во наредниот период.

Од друга страна политичката против тежа на СДСМ во редот на ВМРО-ДПМНЕ абер нема да го подигне ова прашање на повисоко ниво на дебата во јавноста со што ќе се предочат суштинските предизвици пред кои што ќе биде исправено македонското општество, како и да се спротивстави на реалната штетност на воведување на еден ваков репресивен апарат од страна на високо-недемократска власт во сите нивоа во државата.

Од друга страна кодошликот, системот на заштитени сведоци, неконтролираното прислушкување и снимање видовме до каде ја доведе Македонската држава. Но решавањето на овие аномалии не може да се уреди со декрет по волјата на еден човек кој од денеска “сонувал” дека ќе биде семоќен во контролата на државата.

Отсуството на широк демократски граѓански систем на контрола од страна на самите граѓани во една таква инструментализирана постапка ќе доведе до уште поголеми и подеструктивни проблеми кои што ќе ги гледаме по улиците на Република Македонија во годините кои што ќе следуваат.

Епа чорба Македонче!

Слободата со ваква власт допрва ќе биде газена.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace