Министерството за образование и наука во чија челна фотелја седи Мила Царовска објави огласи за вработување на свои нови советници чија што нето плата ќе биде од 50 до 60 илјади денари.
Власта предводена од Зоран Заев очигледно се раководи од начелото “Не гледај што правам, слушај ме што зборувам”, во услови на пандемија на ваков начин ја “билда” и така “разбацаната” државна администрација која што е како камен околу вратот на државата која тоне во сиромаштија се подлабоко и подлабоко.
За ваквата постапка на Министерката реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрално го пренесуваме соопштението за јавноста на Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ:
“Почитувани,
Вака ли Власта ја намалува администрацијата?
Или ќе ја намалува само со политички неистомисленици?
,,Ќе разгледаме неколку модели за намалување на обемот на администрацијата за 20 проценти преку спојување на функции, надлежности на институциите, преку задолжително пензионирање на 64 години, преку пакети за трансфер во приватниот сектор или предвремено пензионирање“, рече Заев на 29.8.2020 година.
Чуму се тогаш огласите во Министерство за образование и наука за нови тројца советници со плата од 60.000 денари и тоа за време на пандемија, кога илјадници луѓе се отпуштени и се отпуштаат од работа?
Само во Министерството за образование и наука има 230 вработени согласно јавно објавените податоци на нивната веб-страница.
Линк до огласот: http://mon.gov.mk/content/?id=3326
Зарем за министерката Мила Царовска тие не се доволни?
Зарем за Царовска се поважни вработувањата веднаш на советниците отколку подобрување на условите во училиштата, здравјето на учениците и вработените и успешен почеток на учебната година?
За ваква ли правда се зборува?”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“