БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Рудникот Саса упати бледо соопштение за еколошката катастрофа. Реагираат граѓаните, недостига погласна осуда од граѓанскиот сектор

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од менаџментот на рудникот Саса во Македонска Каменица преку нивната фејсбук страница упатија кратко соопштение во врска со денешниот инцидент со кој што беа испуштени поголема количина на јаловишни води во Каменичка Река а преку неа и во реката Брегалница.

Во соопштението на Рудникот Саса меѓу другото стои дека првичните резултати од истрагата покажале дека дефектот не претставувал закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина.

Во продолжение го пренесуваме интегрално текстот на нивното соопштение:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Македонска Каменица, 14.09.2020 – Денеска, околу шест часот, се случил дефект на насипот на јаловиштето број 4 на рудникот Саса, предизвикувајќи краткотрајно истекување на јаловишни води во локалниот речен тек. Набргу по дефектот истекувањето е запрено и состојбата е нормализирана. Професори од рударскиот факултет во Штип и градежниот факултет во Скопје, заедно со стручни екипи на компанијата, отпочнаа детална истрага за да ги утврдат причините за инцидентот. Првичните резултати од истрагата покажаа дека дефектот не претставува закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина. Дополнително, постапувајќи согласно одредбите од Законот за заштита на животната средина и правилата од А-интегрираната еколошка дозвола, за настанот се известени и сите надлежни институции на државно и локално ниво.”

На ваквото соопштение реагираа повеќе граѓани од региониот во кој што реката Брегалница која е засегната од еколошката катастрофа претставува основен извор за живот за многу граѓани.

Исто така недостига гласна реакција за осуда на оваа еколошка катастрофа на граѓанските здруженија кои што работат во областа за заштитата на животната средина како од регионот така и од државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот