БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Илија Димовски: На Лешница не и требаат хидроцентрали!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Лешница, Шар Планина – македонските Алпи, загрозена убавина!

На Лешница не и требаат хидроцентрали!

Изградбата на хидроцентрали во заштитени подрачја, кои утре треба да бидат и дел од новиот национален парк, се повеќе ја соочува јавноста со немањето на ред и во оваа област.Екологијата беше тема на која претходната власт изгуби многу поени, а оваа власт, во време кога беше опозиција, да спечали голема поддршка од граѓаните на кои оваа тема им е една од примарните.Состојбите не се подобри, се полоши се. Нема решение за старите проблеми (аерозагадување, депонии и диви депонии, заштита на биодиверзитетот,…), а новите се се повеќе (Преспа, Лешница, вештачките езера,…)

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Граѓаните, посебно планинарите (на кои некако припаѓам и јас), се повеќе реагираат на изградбата на хидроцентрали во срцето на Шар Планина, во месноста Лешница. Оваа област важи за најубавиот предел на овој планински масив, а сигурно и една од поубавите во Македонија.

Можеби документацијата е во согласност со законите и правилата, но барем до сега научивме дека често и законите и правилата се пишуваат за потреба на силни лоби групи.Сликите подолу се објавени од планинари и планинарски друштва последниот викенд. Страшно изгледа.

Додека не е доцна, да се објават сите документи и да станат јавни сите постапки. Кои институции дозволиле и кои фирми добиле вакви права. Да се погледнат можностите оваа грда изградба да запре и да се заштити убавината на Лешница.

П.С. Не сум против обновливи извори на енергија, но од цела Шар Планина да ставите бетон во нејзиното срце е рамно на лудило.

https://www.facebook.com/ilija.dimovski/posts/10224020664448136

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace