БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

3 години локална власт на СДСМ во Виница а ниту еден капитален проект од предизборната програма на Ивица Димитров, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница од опозицијата го обвинија градоначалникот на оваа општина покрај реката Брегалница дека нема реализирано ниту еден капитален проект од неговата предизборна програма од пред три години.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Дарко Јангелов кој што е Советник во виничкиот совет од редовите на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ:

“Почитувани сограѓани,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Поминаа точно 3 години локална власт на СДСМ во Виница, а сеуште не видовме реализација на ниту еден капитален проект од предизборната програма на градоначалникот Ивица Димитров.

После промената на локалната власт во Виница граѓаните очекуваа да добијат она што им беше ветено пред избори.Очекуваа булевар на влезот во Виница, брана на река Сушица, намалување на цената на водата и другите комунални давачки за 30%, затворен градски пазар, очекуваа дом за стари лица во Блатец и реновирање на Пензионерскиот дом во Виница, кружен тек кај кафе бар “Кул” и изградба на велосипедски патеки и уште десетици и десетици проекти кои беа дел од програмата “Живот во Виница за сите”.Но сето тоа за што беше дадена поддршка од мнозинството граѓани на општина Виница остана само на хартија!Овие 3 години видовме реализација на само она што СДСМ го критикуваше кога беше во опозиција.

Видовме непотизам кај функционери на СДСМ и отпуштање од работа, распоредување и мобинг врз членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ.Оваа година сведоци сме на распишување оглас за 17 нови вработувања во ЈП Солидарност, претпријатие кое работи со огромни загуби и сеуште ја нема исплатено септемвриската плата на вработените.

Неработење и неспособност кои се гледаат преку честото горење на депонијата во с.Лески, кратерите од дупки на најпрометните улици во Виница кои со месеци стојат несанирани, нередовно косење и одржување на зелените површини во градот, неисправната вода за пиење кај огромен дел од селата…

Почитувани,

Сето ова е препознаено и од Вас граѓаните на општина Виница, кои на два пати убедливо го казнивте СДСМ во Виница на претстедателските минатата и парламентарните избори оваа година и кончено црвениот картон за сите лаги, неработење и глумењето чесност и транспарентност во опозиција ќе го добијат наредната година на локалните избори.

Ви благодоарам.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace