БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Карбинци власта потрошила илјадници евра за ловење кучиња и наводно прскање против комарци, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на прес конференцијата на Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци, Виктор Паунов.

“Почитувани жители на општина Карбинци,

3 години локална власт на сдс и градоначалникот Јордан Насев во Карбинци, 3 години поминати во неработење, стагнирање на општината, грижа само за најблиските и негрижа за граѓаните. 3 години во кои видовме како една власт си дели тендери, власт која си дели вработувања на ближните од партијата, власт која нема слух за народот. Овие 3 години ја видовме убедливо најлошата власт во историјата на општина Карбинци. Ако имаме магершка влада предводена од Зоран Заев, во Карбинци имаме кучешка власт која потроши илјадници евра за тендери за ловење на кучиња и наводно прскање против комарци. Сето ова сокриено од јавноста со цел профитирање. Власт која во една година склучува договор со локална фирма за јавни набавки вреден 1.461.000.000 ден, или скоро 24.000 евра, е власт која нема милост кон граѓаните и власт која гледа да зграба се што може пред нивното заминување. Пред неполна година ги излажаа земјоделците во Таринци, ништо од распределбата на земја. Карбинчани наместо нов мост го загубија и постоечкиот. Балван е заборавено село, а Крупиште е без училиште. Броени се деновите на оваа власт во заминување.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace