БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кацарска ослободуваше пратеници за да гласаат за промена на најсветото- Името Македонија, реагираше пратеникот Јован Јаулески

Пренеси го гласот

Денеска во мода во Македонското собрание беа маички со ликот на Добрила Кацарска, судијката која ги судеше уставобранителите и дел од политичкото раководство на поранешниот државен врв.

За Уставобранителите и џелатот на Заев, Кацарска- интегрален текст од говорот на пратеникот Јован Јаулески на денешната расправа за избор на Добрила Кацарска за уставен судија:

“Почитувана македонска јавност, денес, за жал, го губиме времето на граѓаните и наместо да ги решаваме нивните реални проблеми со кои се соочуваат што од неспособната влада, што од пандемијата, во услови кога имаме 47.000 отпуштени од работа, кога имаме над 40.000 ученици кои не се вклучени во наставата, во услови кога имаме најголема смртност во регионот ние дискутираме за избор на Уставен судија кој е синоним за неправдите на Зоран Заев кој го амнестира сиот негов криминал.

Да го предложиш за Уставен судија оној што го амнестира и е соучесник во кршењето на уставниот поредок во Република Македонија, е исто како крадец да вработиш да го чува трезорот во НБРМ, или алкохоличар да чува винарска визба.

Но, која е Добрила Кацарска?
Добрила Кацарска е егзекуторот на опозицијата и ловец на глави на бивши функционери, главно на оние кои не се ,,комуњари”. Со ова комуњари таа сама се нарече и дури на една телевизија додаде дека е горда, а за тоа посведочи и алијас – командант Боки 13.

Ако сите луѓе веруваат во својот Спасител Господ, така Зоран Заев верува во Кацарска бидејќи му ги амнестира сите негови криминали. Беше дел од случајот ,,Поткуп” за кој нормално, се изрече ослободителна пресуда, а има и добар уддел во случајот ,,Рекет” каде што се рекетираа бизнисмени и се испраа неколку милиони евра заедно со уште едниот бизнис партнер и бивш специјален обвинител, Катица Јанева. И за тоа, нормално, никој од власта не одговораваше а минимално одговараа некои колку да се има мало оправдување пред меѓународната заедница.
Дека Добрила Кацарска совршено ја оправдува функцијата џелат на власта, сведочи менаџирањето на случајот Рекет за кој што обвинителката Лиле Стефанова изјави дека влијаела на судски одлуки што фрла сомнеж на нејзино инволвирање во целиот овој случај. Таа до сега требаше да биде разрешена и против неа да се води судска постапка, а не тука да се наградува.

Овој предлог најверојатно е награда за ставањето под тепих на сиот криминал и рекет на Заеви и оваа власт, за кои што бевме сведоци во изминатиот период.

Добила Кацарска е главниот извршител и џелат на болните желби на оваа власт за освета кон неистомислениците, суди по нарачка на Зоран Заев за предмети за кои нема докази и ги прикрива оние за кои има докази што случајно или не – сите се предмети на лица поврзани со власта.

Добрила Кацарска не само што не е подобна за нас пратениците од опозицијата, туку таа е и пример како не треба да се суди за што пишуваа реномирани универзитети во САД.
Студенти во Европа и светот прават одбрана на својот магистерски труд за тоа каков лош пример е и како не треба да се биде Кацарска.
Ако ова е малку за да разбереме колку многу одработува за власта да ве потсетам дека Добрила Кацарска отиде до таму и по насока на нејзиниот наредбодавател закажа рочиште на бивш функционер на опозицијата на денот на нејзиното породување. Замислете колку е ова нечовечки и колку монструозно звучи.
Но, нејзиниот најголем грев кој цел живот ќе ја прогонува е што на невини луѓе им изрече казна од над 200 години со лажен исказ кој беше менуван неколку пати. Тие луѓе, на кои љубовта кон Македонија им беше и остана најголем грев, денес во темни зандани повторно ја живеат историјата со која македонскиот народ се соочувал секогаш кога покажувал отпор над неправдите.
Денес нивните деца живеат без своите родители, без таткова љубов и дискриминирани од системот, додека пак децата на оние кои го испровоцираа овој настан и ги отворија вратите ги трошат плодовите кои нивните родители ги набраа со промената на името.
Тие луѓе кои денес се неправедно осудени и кои власта милува да ги нарече терористи, се Уставобранители и единствените што застанаа во одбрана на Македонија, затоа сакам од мое име лично и тука од говорница да им се заблагодарам за нивната жртва и упатам порака дека неправдата ќе биде исправена.
Кога сме кај 27ми април и Кацарска, не смееме да заборавиме на нејзината изјава за ослободителната пресуда на сега веќе бившиот колега Дурловски, кога изјави дека жали што ќе биде на слобода и нема доволно докази да го затвори.
Почитувани, наместо Кацарска да биде независен арбитер која што ќе ти соочува доказите на одбраната и обвинителството, таа се поставува во улога на инквизатор како во времето на Римокатоличката црква кога се вршеше инквизиција и неистомислениците ги прогласуваше за еретици.

Кацарска жали што не го осуди Дурловски, но не жалеше кога се амнестираа пратениците кои гласаа за промена на името. Знаете, оние пратеници кои ги нарекувавте слуги на режимот, а по промена на името на истите и аплаудиравте од тука.

Кацарска ден претходно носеше ослободителни пресуди за да тие да се носат тука и да го урнат тоа што е најсвето – ИМЕТО МАКЕДОНИЈА!

Ова, уште еднаш потврдува од кого прима и за кого извршува нарачки госпоѓата Кацарска.

Почитувани,

доколку власта сака да ја награди Добрила Кацарска за сите валкани работи кои ги извршила за нив, може слободно да ја предложи за претседател на некоја општинска организација, портпарол кој ќе ја напаѓа опозицијата или да ѝ додели некој тендер како на Крсто Мукоски.

Таа да го чува Уставот и уставниот поредок на Република Македонија е надвор од умот бидејќи треба да одговара за кршење на истиот.

https://www.facebook.com/518601625304794/posts/977437216087897/?sfnsn=mo

Креирано од:


Пренеси го гласот