Черноземски најпрво бил лично обезбедување на Тодор Александров, кој го унапредил и го префрлил во казнената дивизија на ВМРО.
Владо Черноземски влегува со чети во Македонија и се истакнува како многу храбар, извонредно спокоен и дрзок. За Черноземски e изјавeнo следното:
“Во 1922 г. бил шофер на еден од камионите на тутунскиот трговец Каракостов во Дупница. За време на настаните во Ќустендил во 1922 г. го напушти шоферството и станува член на ВМРО.
Владо влегувал во Македонија со чети и учествувал во борби повеќе од 15 пати, во кој се покажал како многу храбар и извонредно спокоен, коешто спокојство достигнувало дури до дрскост. На неколку пати влегувал во Штип. Додека другите се криеле, тој најспокојно одел во крчмите да пие пиво, иако не знаел српски.
Тетоважата ВМРО му e направeнa во затворот на 5-от полициски участок”
Бил познат како ладнокрвен по карактер, бестрашен и еден од најдобрите стрелци во организацијата. Черноземски ја поседува и неопходната интелигенција за извршување на особено важни акции.
Во своите спомени Ванчо Михајлов ќе запише дека со Владо Черноземски се запознале во текот на 1922 година:
„ Владо беше многу тих човек и крајно исполнителен. Ги мразеше своите другари кои се пијанеа и многу читаше. Беше националист. Во затвор постојано читаше, не учествуваше во штрајковите со глад”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Спектакуларен викенд во Делчево по повод 31. „Голачки фолклорни средби“: Фолклорот ги руши границите и ги поврзува народите [галерии]
Чествување што доликува на името Македонија: Вечер од Охрид и со серија спектакли потоа, народот во еден глас ќе каже: НИЕ ПОСТОИМЕ- МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ
Бугарскиот министер Трпешев на II заседание на АСНОМ: Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас…”