Среќна нова 2021 година!
Нека донесе посреќен живот за сите во светот а воедно и во Македонија и дијаспората и се што е потребно за еден таков посреќен живот, од подобро здравје, мир, меѓусебна почит и радосни мигови во секое семејство, помалку нанесени зло и несреќи, па до повеќе успеси и победи, како индивидуални, така и колективни. Нека доброто го победи злото во секој од нас и во Македонија!
Нека не опседне и води добрата мисла бидејќи одамна е познато дека какви ти се мислите, таков ти е животот…Нека Бог биде во нашите срца но и во нашите мисли кога носиме одлуки за себе и за другите, за пријателите и за непријателите, а оваа година самите да ја направиме посветла од она што повеќето очекуваме да биде.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!