БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Заев менува членови на историската комисија со цел за притисок врз останатите членови за да попуштат пред лагите за Македонскиот идентитет

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска преку социјалните мрежи го критикуваше Зоран Заев поради тоа што сменил член од историската комисија која преговара со бугарската комисија за идентитетски прашања кои се однесуваат на МАкедонија.

Мицкоски констатираше дека Зоран Заев од позиција на најмоќен човек во државата ја врши оваа смена со цел да им порача на останатите членови во комисијата за да попуштат пред негаторските лаги по однос на Македонскиот идентитет.

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Мицкоски во врска со оваа непосакувана ситуација:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Она што е загрижувачки е тоа што Заев по линијата на помал отпор и неговиот свиткан ‘рбет, наместо во позитива да ги смени околностите за Македонија, тој, дознаваме дека сменил член на историската комисија кој преговара со бугарската страна. Оттука, нејасно е дали е тоа поради фактот што историската комисија одбива да ги прифати искривените и пред сѐ неточни тврдења на Заев, поврзани со историските факти кои се вграден дел од нашиот идентитет.

Дали Заев, со тоа што менува член на комисијата, врши директен притисок како тие во иднина да одлучуваат? Ние како опозиција немаме детални информации за разговорите со Бугарија, а ќе споменам дека Заев одбиваше лидерска средба на оваа тема. Оттука, деталите ги добиваме од неофицијални канали и од медиумите.”

-соопшти Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот