Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска оствари значајна средба со амбасадорот на Чешка во Македонија Мирослав Томан.
На средбата било разговарано за улогата на Националниот совет за евроинтеграции при Македонскиот парламент со кој претседава Николоски, како и за поддршката која Република Чешка во континуитет ја овозможува на Македонија за евроинтеграциите на нашата држава.
“Работната недела ја започнав со средба со амбасадорот на Чешка, Н.Е. Мирослав Томан.
Ја искористив можност да се заблогадарам за контиунираната и силна поддрршка на Чешка за европската интеграција на Македонија. Со амбасадорот разговаравме за составот на Националниот совет за евроинтеграции и улогата во пристапните преговори.
Исто така се заблагодарив за Чешката принципиелност и поддршка на политиката на проширување на ЕУ, особено покажана на состанокот на Европскиот совет во декември минатата година, во однос на заклучоците за проширувањето предложени од страна на Германското претседателство.
Разговаравме и за силната поддршка на Вишеградската група, за добивање на членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан и континураната поддршка на Република Македонија.”
-соопшти Александар Николоски во врска со оваа средба на социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот