БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во последната година од мандатот на Градоначалникот на Карбинци му текна дека патот Таринци – Балван е дивоградба

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Карбинци избран од редовите на СДСМ ретерира во ставот на владата на Зоран Заев дека регионалниот пат кој ги поврзува селата Таринци и Карбинци ќе ја добие најавената реконструкција. Значењето на овој пат кој што бил граден во 70-тите години од минатиот век е големо во секојдневниот живот на жителите на с.Таринци и с.Карбинци, така што неговата состојба игра важна улога во стандардот на живот на овие жители.

Овој регионален пат беше ставен за реконструкција во програма на владата на Зоран Заев а парите за неговото реконструирање беше најавено дека ќе бидат обезбедени од пренамена на сретства од карго аеродромот кој што требаше да се гради во Штип.

Градоначалникот Јордан Насев во своја изјава за прилог на една национална телевизија се пожали дека овој пат бил дивоградба и поради тоа не можел да ги искористи 18 милиони денари предвидени за негова реконструкција.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На тој начин градоначалникот се обидува да ја амнестира неподготвеноста на владата за остварување на ветувањата пред граѓаните на Карбинци.

По тој повод во јавноста своја реакција упати и Виктор Паунов- Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карбинци. Паунов го прозва градоначалникот Насев дека бил успешен во реализацијата на репсрезентациите, фамилијарните и партиските вработувања а локалната и централната власт виновници за својата неспособност се обидуваат да бараат кај сите други освен нив самите.

“Пари има ама не и реализација!

Реализација има само во репрезентациите, фамилијарните и партиски вработувања и други слични функционерски бенефиции.

4 години локална власт и втор мандат централна апсолутна власт и сега се виновни сите други освен овие ,,способните” 😅

Уште едно ветување пропаѓа како и се до сега…

#ГрадоначалникВоЗаминување

-стои во реакцијата на Виктор Паунов упатена преку социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/Viktor12105/posts/10218536676264466

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace