Вчера во текот на попладневните часови Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека владата го одобрила проектот со кој што со пари на граѓаните ќе субвенционира вработувања во приватните компании поради правична застапеност.

Од владата на Зоран Заев информираат дека:
“Денеска Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година.
Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање на нови работни места, поддршка за креирање на нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои престанокот од работен однос е регистриран во периодот на кризата предизвикана поради КОВИД-19, односно од 11 март 2020 година.
При имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, ќе се почитуваат следните основни принципи:
Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на КОВИД-19;
Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот; и
Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија.”
Во пракса ваквото субвенционирање на пари за фирми кои што ќе вработуваат граѓани со различни етнички определби би можело да оди на штета на квалитетот на произвотствениот процес во приватните компании. Наместо субвенционирањето да оди по стручност, професионалност и постигања во приватните компании кои што би се стимулирале да покажуваат подобри резултати во своето работење, владата на Зоран Заев ќе субвенционира вработување по етничка линија, што многу веројатно дека ќе оди на штета на економијата во целост во државата.