Откако раководството на ЈП “Солидарност” Виница ја објави завршната сметка за 2020 година тоа беше причина за реакција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница. Од опозициската партија алармираат во јавност за зголемување на обврските на претпријатието во износ од 2.2 милиони денари во 2020 година во споредба со 2019 година.
Нивната реакција во јавност ја пренесуваме во продолжение:
“После нашата објава во врска со нередовното чистење и одржување на депонијата во с.Истибања, депонијата екпресно беше исчистена ❗
После нашата објава во врска со непостапување по законската обврска и необјавување на завршната сметка на ЈП Солидарност од 2016 година наваму, еве ЈП Солидарност ја објави ❗
Што е следно ❓❓❓
Ќе го следат примерот на нивниот лидер Зоран Заев и ќе ни понудат учество во локалната власт 🤔
Не благодариме ❗❗❗
Со товарот од катастрофалната реализација на програмата за Живот во Виница и нереализираните ветувања 👇
➡️ Намалување на цената на водата за 30%,
➡️ Изградба на брана на река Сушица,
➡️ Булевар на влезот во Виница,
➡️ Затворен градски пазар,
➡️ Кружен тек кај Гала,
➡️ Изградба на велосипедски патеки,
➡️ Намалување на таксите за користење на јавна површина,
➡️ Патот Градец-Лисец,
➡️ Дом за стари лица во Блатец,
➡️ Реновирање на Пензионеракиот дом и иште многу други,
Со товарот од непотизмот кај нависоките функционери, сомнителните тендери, скандали и незаконско работење, за пола година сами ќе си излезете пред граѓаните на општина Виница на избори❗❗❗
Што се однесува на завршната сметка на ЈП Солидарност за 2020 година, евидентно е дека загубата од 3 милиони денари која беше прикажана во вториот квартал од минатата година е анулирана, но обврските спрема добавувачите се зголемени за 2,2 милиони денари во однос на 2019 година ❗
Пред некој ден обвинуваа за наследен долг од 21 милиони денари на ЈП Солидарност направен од основањето до 2017 година(од сите раководства меѓу кои и кадри на СДСМ), за сега, внимавајте за 3 ипол години двајца директори да го зголемат долгот за 7 милиони денари и истиот денес изнесува 28 милиони денари ❗”
-стои во текстот на обраќањето во јавност на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во Етнокуќата во Кочани – изложба на рачни изработки со ткаење
44 годишна жена од Берово нападнала своја сограѓанка во нејзиниот дом
Тројца жители на с. Црник, пехчевско со трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во шумското подрачно стопанство “Равна Река”