БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владата намерно не набавува вакцини, за да ја пролонгира ненародната власт во државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ограничување и репресија врз основните човекови права од страна на владата предводена од Зоран Заев не е ништо ново и ништо чудно. Хегемонистичката улога на Зоран Заев во која тој манифестира моќ од страна на институциите во Македонија под негова власт врз Македонските граѓани не е случајна.

Државата е пред тотален колапс а граѓаните се пред раб на егзистенција. Вежбањето на нервите на граѓаните е во насока на сузбивање на секаков излив на незадоволство во јавност.
Токму во таа насока оди намерата на Зоран Заев да турка попис во услови на пандемија и одбегнувањето на здравствените власти да набават вакцини со кои ќе започне имунизација на поголем квантум на граѓани. Истовремено секојдневната смрт за граѓаните стана најнормална работа како за власта така и за јавноста.

Јасно и гласно тврдам дека Зоран Заев и неговиот министер во “министерството за смрт и вадење на човечки органи”, Филипче намерно не сакаат да набават вакцини, затоа што тоа индиректно им оди во прилог на пролонгирање на нивната ненародна власт во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со ограничување на слободите на граѓаните како што е усвоената мерка за воведување на полициски час и спречување на организација на масовни протести Зоран Заев се штити себеси во премиерската фотеља на Илинденска.
Ваквото практицирање на репресивни мерки за противниците на ненародната влада на Заев делуваат лицемерно и пародично во услови на распад на епидемиолошкиот систем и волунтеризмот на епидемиолошките власти. Нема доследно следење на движењето на заразата и пандемијата помеѓу граѓаните, нема спроведување на анкети помеѓу заразените, нема соодветни протоколи за Матичните лекари, нема регулација на лекарските дијагнози и терапии за болните и излечените… тотален хаос…

Со секој нов ден со Зоран Заев на власт Македонија тоне по сите основи, а граѓаните се потиштени под целосна несигурност и неизвесност за секој нов ден.
Овие последици кои се резултат на политики карактеристични за опортунизам и волунтеризам базиран на потребата за профит на мала група луѓе во власта, нема да престанат сами од себе.

Потребно е масовно организирање на отпор на граѓаните против сите полуги на власт и моќ на Зоран Заев кој што не се колеба двапати пред да воведе полициски час и нови репресивни мерки за истите овие граѓани.
Оваа власт сама од себе нема да падне.
Потребно е ум и разум и целосно нов систем на вредности кој ќе ја воздугне Македонија од пепелта на владеење на Зоран Заев.

Пишува: Анастасов Кирчо

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace