Игор Ефтимов од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип денеска на прес конференција ги обвини локалните власти и Градоначалникот на општина Штип дека отвориле дисперзирано кафуле во рамки на општината.
“Единаесет видови на чаеви, триесет килограми чоколадни бонбони, шестотини литри негазирана вода се само дел од „големите потреби“ на Градоначалникот на Општина Штип и неговиот кабинет.
Неверојатни и неоправдани се потрошените 121.000 денари, за набавка на такво разнообразие од продукти, кое асоцира на живот на висока нога.
Дисперзираното кафуле кое функционира во рамки на општината, прикажува расипништво кое не се памети да се случувало. Градоначалникот, на сметка на народот, се опуштил до степен на неговите гости да им нуди палета од пијачки, на кое би им подзавиделе и добро снабдени кафулиња.
И додека угостителскиот секор тоне во долгови и моли за помош од државата, градскиот татко наместо да креира мерки и да го помогне овој сектор, самиот си прави услови за кафуле во рамките на јавната институција со која раководи.
Очигледно, животот на висока нога длабоко се всадил во начинот на живот на оној кој треба да демонстрира скромност и солидарност со оние кои немаат!”
-соопшти Игор Ефтомов од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи