БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пратеникот Миле Лефков ќе ги посети жителите на село Габрово и село Разловци во Делчево: Време е за нова народна власт во Делчево и Македонија!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на определбите на ВМРО-ДПМНЕ за постојана и интензивна комуникација и соработка со граѓаните насекаде во сите населени места низ Република Македонија, во среда 19.05.2021 година пратеникот Миле Лефков заедно со Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Сашко Ивановски ќе ги посетат жителите на Село Габрово и на село Разловци.

“Гласот на Делчевчани мора да биде слушнат, нивните маки и проблеми мора да добијат решенија!

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево продолжува со своите постојани активности и комуникација помеѓу жителите на сите населени места низ целата општина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во среда 19.05.2021 година Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Сашко Ивановски заедно со Пратеникот Миле Лефков во Македонскиот парламент и членови на раководството на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево, ќе ги посетиме

-во 19.00 часот жителите на село Габрово

-во 20.00 часот жителите на село Разловци.

Време е да престане игнорантскиот однос на актуелните власти кои очигледно “живеат во облаци”, бегајки од граѓаните, скриени во удобните фотелји платени со јавните пари, без слух и разбирање за проблемите на делчевчани.

Време е за нова народна власт во Делчево и во Македонија!”

-соопштија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace