БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иницијаторите за Признавање на дипломите и специјализациите од Високата школа бараат прием кај Министерот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Оваа пандемија ќе не врати на местото каде се формираше човештвото и каде хуманоста не постоеше бидејќи немаше homo sapiens. Жално! Сите оние манипулации со болните, од опремата до гуша до тркалањето боци, од негата, медицината па некаде и метлата во Ковид центрите и сега да нема еден прием?!

Бегале младите а? Дали ,,белиот мантил” на Прва линија, во Ковид центрите и на Вакциналните пунктови, во прв втор и трет бран заслужил прием кај Министерот?? Ова било поголем предизвик од цела Ковид криза!? Сите знаеме дека со години наназад се соочуваме со намален број на медицински сестри и техничари. Во овој период кога сме навистина многу потребни во што поголем број и тоа како се чувствува потребата од персонал од нашата бранша наидуваме на незаинтересираност од страна на институциите за решавање на нашето болно прашање, а тоа е признавање на ДИПЛОМИТЕ од Високата школа и Специјализации те. Ќе се јави понекој, здружение ли или синдикат ќе каже два три збора и толку…ќе те пофалат колку си екстра и приказната до тука. Закон за мед.техничари и сестри сеуште нема.Сите работат исто, но не се платени според степен на образование?!

Бегале а? Веќе е пракса во Македонија во сите ЈЗУ на раководни места да се ставаат кадри со несоодветно образование, најчесто така на диво (читај;партиски кадри), а знаеме добро колку се кадарни и ако образованието не е мерило.Во оние држави од ЕУ за кои толку се филозофира и се стремиме има критериуми, филтри, едукации, нишани и 300 бакрачи пред еден Парамедик да влезе на Ургентен или на Итна помош.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дали во таа Европата на прв оглас се вработува лице без систематизација на образование и тоа директно главна на оддел??

За таа Европа ли ми говорите? Кај нас еден техничар работи за двајца на Запад.И се додека нашите менаџери немаат слух и вид и не го препознаваат учениот дел на оваа професија а дел од нив не сакаат, намерно или ненамерно да го препознаат…така, и оние малку што се заинтересирани да го поделат знаењето со своите колеги и да допринесуваат во матичните институции веќе размислуваат да помине пандемијата, и да заминат од земјата. Овој колективен проблем создаде група од 250 техничари и сестри од различни партии, вери и убедувања во едно Здружување за признавање на дипломите од Високата здравствена школа и Специјализациите и магистратурите. Дали ќе биде анекс или систематизација ние бараме некакво решение, сега, а не post festum…но исто така, БАРАМЕ целосно решавање на статусот на мед.сестри и техничари преку Решавање на самата професија со Закон! Оваа група исклучиво се бори за оваа цел а сите добронамерни совети и помош од сите фактори ќе бидат прифатени без да се измести првичниот дискурс.

Сите членови имаат поднесено уредни барања до Директорите но нема позитивен одговор како што нема и прием кај Министерот!?

П.С.Закон за оваа група на здравствени работници и решавање на професијата!!

Пишува: Гоце Марков-Дипломиран здравствен работник Спец. по Семејна и Патронажна медицина

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace