БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Локалната власт во Штип во општината отвориле дисперзирано кафуле

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Игор Ефтимов од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип денеска на прес конференција ги обвини локалните власти и Градоначалникот на општина Штип дека отвориле дисперзирано кафуле во рамки на општината.

“Единаесет видови на чаеви, триесет килограми чоколадни бонбони, шестотини литри негазирана вода се само дел од „големите потреби“ на Градоначалникот на Општина Штип и неговиот кабинет.  

Неверојатни и неоправдани се потрошените 121.000 денари, за набавка на такво разнообразие од продукти, кое асоцира на живот на висока нога. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дисперзираното кафуле кое функционира во рамки на општината, прикажува расипништво кое не се памети да се случувало. Градоначалникот, на сметка на народот, се опуштил до степен на неговите гости да им нуди палета од пијачки, на кое би им подзавиделе и добро снабдени кафулиња. 

И додека угостителскиот секор тоне во долгови и моли за помош од државата, градскиот татко наместо да креира мерки и да го помогне овој сектор, самиот си прави услови за кафуле во рамките на јавната институција со која раководи. 

Очигледно, животот на висока нога длабоко се всадил во начинот на живот на оној кој треба да демонстрира скромност и солидарност со оние кои немаат!”

-соопшти Игор Ефтомов од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace