Новиот албум на битолската безвременска рок енд рол фурија е достапен за преслушување на јутјуб сервисот. Станува збор за лонгплејка со 11 песни креирана со гаражна снимка создадена во “партизански” услови за кои со сигурност може да се каже дека со своето постоење му пркосат на се она што со собе го носи ова ново “нормално” кое го живеете.
Паркети со овој музички албум по којзнае кој пат покажаа дека времињата поминуваат само тие како бенд се тука за да останат.
Од класично пост-панк издание со “Грижа на совеста”- албум издаден во 1996 година бендот трансферира кон класичен рок енд рол со гласна дисторзирана гитара која стана препознатлива за бендот во годините што тоаѓаа. Лириката на бендот го има во себе добропрепознатливиот битолски хумор, апстрактен реализам, политичка некоректност, социјална догма и култиролошки шок, што го чини бендот уникатен по својот стил на изразување. Се сеќавам кога во почетокот на 2000-те години имаше наплив на електронска музика на масовно ниво во Македонија… Паркети тогаш “царуваа” со својата Газирана хармонија. Помина времето и на Евровизиските “несвестици” и патетики, Паркети и од тоа време го понесоа својот пехар на издржливост и уметнички сензибилитет. Во 2009 година бендот го издаде својот трет албум “Мамо не му кажувај на тато”. Тоа беа времиња кога во државата се чувствуваше своевидна нагорна линија на општествено себеспознавање и продор на интернет културата помеѓу младата популација во државата, па се чини дека овој албум помина најнезабележано од музичките сладовкусци во линија на времето во кое се појави.
Но Паркети не би биле тоа што се докколку со својот креативен инает не влезат повторно низ тешката порта на музичко постоење во МАкедонија. Битолските рокери ја поминаа и наредната декада со трасирање на својот пат кон незаборавот… Четвртиот албум “Република Франкенштајн” излезе во јавност токму на залезот на таа “безгрижна и идилична бесконечна транзиција” во виорот на политичкото невреме пред државата да биде раскината на парчиња и воведена во денешното “ново нормално време”. Овој албум како и неговите претходници се претвори повторно во камен темелник на една културолошка зона на живеење… овојпат живот во неизвесност и непознаници.
Сега повторно кога Македонското општество е на своевидно распатје се појавува “Treinta Putos Anos” кој со себе го носи веќе добро познатиот мелодичен призвук на дисторзираната гитара на Симс, лириката на Сашо, бас експлозивноста на Зоки и игривоста на тапаните, како пркос и камен темелник и на ова актуелно чудно време, во кое се се менува само ПАркети остануваат да си го тераат својот филм.
Преслушајте и размислете за времињата, минати, сегашни и идни….

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години