Фејсбук реакција на Кирчо Анастасов:
“Почитувани пријатели, драги делчевчани, почитувани љубители на ликот и делото на големиот Македонски архитект Георги Константиновски, почитувани следбеници на принципите за правичност на третманот кон авторските трудови на нашите Македонски автори, почитувани архитекти,
Денеска во с. Разловци почна нова окупација на незнаењето, импровизацијата, дилетантизмот и игнорантскиот однос врз Македонски цивилизациски вредности. Денеска во село Разловци под покровителство на Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, а во присуство на Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски започна да се покрива Спомен домот на Разловечкото востание со пластифициран лим, предвиден со јавна набавка од страна на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров”- Делчево. Овој пластифициран лим НЕ ОДГОВАРА со оригиналниот покривач од специјално изработени камени плочи на оригиналниот проект на големиот Георги Константиновски.Тоа е криминал од скандалозни размери, но имајки предвид за каква политичка гарнитура станува збор, веќе ништо не може да изненади од овие луѓе.Јавно прашувам дали реализаторите на оваа активност НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” во Делчево имаат дозвола од наследниците на авторот неговиот архитектонски проект да го покриваат со пластифициран лим???
Јавно го повикувам Основното јавно обвинителство да се запознае кај надлежните со случајот и да ги превземе сите можни мерки за заштита на авторскиот труд на архитектот Георги Константиновски.Јавно ги повикувам сите засегнати љубители на делото на архитектот Георги Константиновски да застанат во одбрана на неговиот труд, кој што остана да сведочи за неговото дело за идните генерации.Сквернавењето на авторското дело на Георги Константиновски е цивилизациско злодело, што во иднина ќе биде санкционирано!




Фото Извор: Фејсбук страна на Горан Трајковски https://www.facebook.com/GoranTrajkovskiZaDelcevo/posts/1998786070264032;
https://marh.mk/%d1%81%d0%bf%d0%be%d0%bc%d0%b5%d0%bd-%d0…/ ;
https://bregalnicki.mk/spomen-domot-na-razlovechkoto…/
https://www.facebook.com/mokta.e.na.narodot/posts/4112111975516977


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст
Средба Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и спроведување на суштинските реформи
Колумна на Јорданоски за Денешен.мк: Од „јазикот на мнозинската заедница“ до „достапниот јазик“, само не македонски!