Овој метод на консумирање на маслиново масло се појавил како резултат на практиката во некои медитерански региони, каде што луѓето често пијат 1/4 филџан или 60 ml на маслиново масло директно, на почеток на денот (на гладно). Оваа пракса е слична на онаа кога луѓе во поедини региони во светот консумираат масло од кокос или специфично масло од животинско потекло, на празен стомак.
Според повеќе народни кажувања во различни региони во светот, конзумирањето на маслиново масло на таков начин може да предизвика неколку бенефити- вклучувајки детоксикација, забрзување на намалувањето на телесната тежина или лекување на вознемирен стомак.
Но и покрај целата оваа светски позната пракса не постојат доволно научни докази за да ги поддржат ваквите народни пракси.
Според поголем број на експерти сепак пиењето на маслиново масло директно има повеќе бенефити за човечкиот организам отколку со него да се готви храна.
Како резиме, можеме да кажеме дека маслиновотo масло дефинитивно треба да го додадете во вашите плански диети, директно негово пиење може да биде добро ако се консумира во мали количини.
И уште еднаш, иако не постојат доволно докази со кои што може да се докажат ваквите тези, организмот на човекот може да има бенефити од директно пиење на маслиново масло во лимитирани количини. Надминувањето на препорачаните количини може да предизвика повеќе лошо за организмот отколклу да има корист. Пробајте лажица до две маслиново масло за да го детоксифицирате вашето тело.
Сепак за ваквата пракса секој поединец треба да се консултира со нутриционист или лекар.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените