БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: ТРИ ГОДИНИ ПОТОА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Уште додека се преговараше за Нивичкиот/Преспанскиот договор тврдев дека неговата подготовка и дека неговото донесување се неуставни. Што значи дека се незаконски. Сеедно што е незаконски/неуставен, тој се донесе, обезличувајќи ги Македонците и Макединија со бројни надворешни и внатрешни рестрикции/забрани. Тоа ги зголеми апетитите на некои соседи. Дел од нив сватија дека со притисоци врз оваа влада (историски гледано, таа е чудо невидено) сѐ може да сe добие, бидејќи на сѐ се согласува. За неа срамот, достоинството или сериозноста претставуваат непознати поими. На тој начин, настана Спогодбата со Бугарија, со која уште повеќе се продре во внатрешните, најсезитивните работи на Македонија, почнувајќи од историјата, нацијата, јазикот… Тој процес трае и ни оддалеку не можам да го видам неговиот крај. Помина и средбата на НАТО во Брисел. И повторно, ништо! Тоа го призна и Заев, сеедно што е обдарен со ретко виден оптимизам, ако неговото однесување воопшто може да се означи како оптимистичко. Признал некој или не, работите тапкаат во место (дури и назадауваат!), бидејќи, според мене, влегувањето во НАТО не значи ништо друго, освен преобразување на Македонија во легитимна воена цел на секоја земја, која би била во евентуален воен судир со оваа Организација.

Накусо, три години после Нивици Македонија и натаму е обезглавена и понижена. Некои умно-умни глави тврдат дека не било така. На пример, веќе не сме биле БЈРМ, туку РСМ. Што значи, сме станале Република /северна/ Македонија. Во ред! Меѓутоа, можат ли да кажат која е разликата помеѓу кратенките БЈРМ и РСМ, кога и со двете сме преименувани? Или, во нивните глави сѐ е можно, вклучувајќи го и неможното, ако е тоа можно? По сѐ изгледа дека за овие и неможното е можно. Нормално, кога би се шегувале. Меѓутоа, шегата одамна заминала од овие простори и на нејзино место дошло грубото, нечовечно шегачење со цел еден народ.

П.С. Мислење дадено за „Нова Македонија.“

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пишува: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace