Денеска на прес конференција од прес центарот на Македонскиот парламент Љупчо Пренџов од опозициската коалиција на пратеници во собранието ја алармираше јавноста за намерите на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ за злоупотреба на европското знаменце за донесување на т.н. кризен закон за зголемување на цената на горивата.
Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на пратеникот Љупчо Пренџов во Македонскиот парламент:
“Власта на Заев својата неспособност и недомаќинско работење ќе го покрива со кризен данок, кој сакаат да го прикажат како таканаречена еколошка такса. Патем, ваквата мерка за собирање арач од граѓаните сакаат да ја спроведат злоупотребувајќи европско знаме во собраниската процедура, со цел, на мала врата наметнат поскапување на горивата од 4,13 денари по литар.
Што има европско во законот за зголемување на цената на горивата, или т.н. еколошка такса?
Според предложениот закон никаде не може да се најде дека истиот е усогласен со европските регулативи, за да имаат право да се повикуваат на европското знаме Овој кризен данок кој Заев сака да го прикаже како еколошка такса е најскап во Европа. Така македонските граѓани ќе плаќаат 5,7 евроценти за литар гориво поскапо, исто колку што плаќаат во Велика Британија. Каде е стандардот на македонските граѓани во споредба со тие во Британија и остатокот од Европа? Ова само ќе ги зголеми трошоците и на превозниците и на сите останати сектори и со тоа ќе се отвори инфлаторната спирала која ќе го доуништи македонскиот стандард кој и онака е погоден од целата криза.
Дополнително, најнеспособната, најнеинвентивната и најмрзливата власт во Европа, предводена од Заев, парите кои планира да ги прибира според новиов арач, нема конкретен план каде и како ќе ги потроши за таканаречените зелени проекти. Оттука логично се поставува прашањето дали испумпувањето на пари од економијата и граѓаните ќе се користи за покривање буџетски дупки, или луксузирања, или пак, можеби за предизборен поткуп. Повикуваме на разум од страна на власта и ова собраниско мнозинство. Веднаш да се повлече законот за воведување на кризен данок, или ако сакате, овој закон кој на мала врата сакаат да го протуркаат како наводна еколошка такса. Доколку власта остане глува на предупредувањето на експертите и на јавноста, и го донесе на сила ова законско решение, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија ќе го ревидираат уште на првата Седница при промената на власта во РМ.”
Целата прес конференција заедно со новинарските прашања може да ја погледнете во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот