БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изјава на Мицкоски по завршувањето на политичкото собрание на Европската народна партија од Брисел

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изјава за ТВ АЛФА Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на политичкото собрание на Европската народна партија во Брисел ги изнесе главните аспекти на посетата на европската претстолнина што како предводник на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше во изминатите два денови.

“Денеска заврши политичкото собрание на Европската народна партија, на маргините имав прилика да поразговарам со претседателот Пауло Рангел којшто доаѓа од нашата сестринска партија од Португалија, разговарав и со господинот Дејвид Мекалистер којшто е претседавач со Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент и дел од нашата сестринска партија ЦДУ од Германија.

Сето ова заврши со еден официјален состанок, со претседателот на Европската народна партија тоа е господинот Доналд Туск. Разговаравме за ветото од страна на Бугарија кон нашата Македонија и неправдата која му е нанесена на македонскиот народ, нација и македонската држава, затоа што после толку години, после толку успешни извештаи повее од петнаесет години ние сме уште во чекалницата и сме жртви на непринципиелни барања од страна на поедини земји членки на Европската унија. Јас не можам да се поистоветам со челниците на СДСМ и да доаѓам овдека во Брисел и да ја кодошам нашата Влада или да зборувам лошо тоа е проблем којшто ќе си го решиме дома, на избори и таму ќе ги поразиме и таму ќе зборуваме за нивниот криминал, корупција и погрешни политики и немањето реформи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тука зборував и практично барав соговорниците, од луѓето кои се дел Европската народна партија како што е Рангел, како што е Мекалистер и конечно Туск, да помогнат на Македонија и македонскиот народ да го добијат заслуженото, а тоа е конечно почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија. Македонија и македонскиот народ имаат пријатели овде во Брисел и тие ќе застанат позади интересите на нашата татковина, нашиот народ и очекувам веќе дека на следниот Самит на ЕУ кон крајот на оваа година таму во декември да конечно се вразуми нашиот источен сосед, односно политичарите кои ќе ја креираат новата влада, нормално тогаш ќе бидат веќе завршени и претседателските избори таму во Бугарија, ќе можат да го повлечат ветото, да се однесуваат европски и да може Македонија конечно да ги почне преговорите со Европската унија.”

-изјави Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Брисел.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace