БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Рокот завршува, пари нема. Спремајте тракторите за блокада на патиштата!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Координаторот на новоформираните земјоделски здруженија Игор Мирчески преку социјалните мрежи упати предупредувачки апел до сите земјоделци да ги подготват своите трактори за протест и блокади на патиштата.

Ваквиот повик доаѓа по завршувањето на рокот за исплатаа на субвенциите од страна на надлежните органи а се уште пари на сметките на земјоделците нема.

Притоа Игор Мирчески упати своја пишана реакцијаа во вид на коментар со кој ја отсликува состојбата во земјоделието во државата. Неговиот коментар го пренесуваме во целост во продолжение:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Земјоделец!!!

Кај нас категорија за потсмев, но бројно гласачко тело.

Во Европа категорија за почит и восхитување. Едно видување од друг агол да размислиме кои сме, што правиме за другите, а колку не ценат. Почитувани председатели, премиери, минати, сегашни и идни.

Почитувани министри, пратеници, судии, обвинители,професори, доктори, директори, припадници на АРМ,МВР,административци, пеачи,музари,глумци,пензионери и профитери. Сите вие кои никогаш не сте се судриле со производството на храна. Замислете!!!Вашиот доручек, вашата ужина, ручекот, вечерата, вашите свадби,крштевки, слави,родендени, имендени,матурски, дипломски, секој залак кој ќе го вкусите е произведен од нас.Сите житни производи, сето овошје, зеленчук, млечните и месните производи се е произведено од нас!!!

Поголемиот дел од соковите, пивото, виното, ракијата сите овие напитоци без кои неможе да се замисли животот е од нас.

Нити пекарите, скараџиите, кафеанџиите, ресторанџиите, хотелиерите, трговците, маркетите неможат да работат без нас. Замислете го денот без филингот на цигарите, задоволството од апетисаните, вашата облека, обувки, шампони,парфеми чак и новите моди, се ова луѓе мои нивата треба да го роди.

Имајќи ги во предвид климатските промени производството на храна ќе биде се по нестабилно и по несигурно дури некои предвидувања одат дотаму дека следните војни би се воделе за питка вода и храна. Се повеќе светската популација ќе биде во неможност да произведе доволни количини храна за секој жител на оваа планета.

Замислете што ќе се случи со државите кои неможат да се потпрат на сопствено производство и стануваат увознозависни за потреби од храна а една од таквите станува и нашата држава.Ако дојде до таква криза ниедна држава нема да ви продаде храна пред да го нахрани своето население.Тука парите не помагаат, ниту дипломатија, ниту пријателствата меѓу државите. Само тие кои ќе се потпрат на сопствено производство ќе бидат независни. Останатите без разлика на нивната моќ ќе зависат од други.

Зато почитувани, кога во секој залак храна уживате,кога со секоја голтка вино воздивнувате сетете се дека за сите ваши задоволства заслужни се производителите на жито и житни култури, сточарите, млекарите,градинарите, лозарите, овоштарите, пчеларите, тутунарите и затоа следниот пат кога некого од нив сретнете, не омаловажувајте го туку поклонете му се бидејќи држава без земјоделците е, само камен планина, река без вода, ливада без трева. Со еден збор ако не нема нас, ќе ве нема и вас.

Размислете!!!”

-пишува Игор Мирчески во групата Тутунари од Македонија на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace