Пратеникот од редовите на СДСМ и партиски портпарол Костадин Костадинов на социјалните мрежи на својот фејсбук профил се пофали дека не потрошил ниту денар пари за патни трошоци, за службен телефон или пак за закуп на стан.
„Искрениот пристап кон вас што ме плаќате продолжува и никогаш нема да се смени дури ја имам честа од вас граѓаните на Струмица да бидам во политиката. Во овој мандат Коста Костадинов има потрошено од парите на граѓаните. Нула денари за патни трошоци!
Нула денари за службен телефон!
Нула денари закуп за стан!
Ако се сака се може“,
-напиша на фејсбук Костадинов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот