Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамки на својата дводневна работна посета на европската претстолнина Брисел секој момент го користи за средби со врвни европски политичари со основна цел да лобира за поддршка и развој на Македонските национални интереси во рамки на европското семејство на пријатели на Македонија. А нив ги има многу со оглед на поддршката што иако како опозиција во Македонија ја добива Мицкоски и членовите на неговата делегација.
Загрижува фактот што официјалните владини претставници кои што се платени од државата за да реализираат интензивна меѓународна политика во интерес на Македонија и Македонскиот народ дебело заостануваат зад интензивното темпо кое го наметнува лидерот на опозицијата на овој план.
Дали изолираноста и јаловоста на политиките на актуелните владини претставници како и безидејноста за излез од ќорсокакот во кој што е втурната МАкедонија по вториот шамар добиен од бугарското вето е причина за молкот од страна на Зоран Заев, Димитров и Бујар Османи на меѓународен план?
Секој изгубен момент за евроинтеграциите на Македонија се покажа катастрофален од страна на актуелната власт, наспроти постојаната интерференција на политиката на ВМРО-ДПМНЕ на меѓународната сцена.
Покрај останатите средби Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се денеска во Брисел се сретна и со David McAllister, претседавач на Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент и со Paulo Rangel, потпретседател на Европската народна партија и европратеник од Португалија. Притоа Мицкоски соопшти дека било разговарано за европските интеграции, за македонските национални и државни интереси.
“Македонија има пријатели!”
-соопшти Мицкоски од Брисел.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот