БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мисајловски: Да не беше трговскиот однос на Заев кон Македонскиот идентитет, немаше да има вето од Бугарија за ЕУ перспективата на Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска на прес конференција од партиското седиште уште еднаш во јавност го афирмираше партискиот став да се овозможи процес за донесување на државна резолуција за утврдување на националните и државни позиции во контекст на уцените на бугарското вето со цел за бришење на Македонскиот идентитет и постоење. Таквата резолуција која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесе во собраниска процедура е плод на умот и мудроста, совеста и искуството содржани во МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев и СДСМ да овозможат јавна расправа преку МАкедонскиот парламент со што на најтранспарентен и јавен начи во интерес на сите граѓани ќе се предочат фактите за постоењето на Македонскиот идентитет и Македонски јазик.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Да немаше идентитетски барања за повторно редефинирање на македонскиот народен идентитет и јазик немаше ниту да има блокада од страна на Бугарија. Блокадата од Бугарија не е заради економската, еколошката, здравствената или земјоделската политика на Македонија, туку заради нивните барања да не се признава постоење на македонскиот национален и јазичен идентитет и континуитет пред 1944 година.

Блокадата е заради јасно дефинирање на барање на Бугарија во нивната државна надворешна политика, утврдена во нивното Собрание. По логиката на Заев, Бугарија смее и треба да има своја државна резолуција за Македонија, а Македонија не смее и не треба да има државна резолуција за нашата Македонија. Собранието е највисок државен орган кој единствено го има правото да ги утврди насоките во надворешната политика. Бегањето од јавноста во утврдување на националните и државни позиции и бегањето од Собранието, јасно зборува за спремноста на Зоран Заев да нуди, да тргува и да отстапува токму за она што го бара Бугарија. Секојдневни станаа изјавите, барањата и позициите на Бугарија кои навлегуваат во континуитетот, засебноста и сувереноста на македонскиот етнички и јазичен идентитет. Резолуцијата која ја нудиме е одговор на блокадата, одговор на негирањата и одговор на лошите политики кон Македонија.

Мисајловски посочува дека Собранието на Република Македонија има обврска да ја гарантира европската перспектива на државата заедно и еднакво со заштита на нашите човекови права за самоопределување и правото на сопствен идентитет.

-Резолуцијата која ја нудиме не е авторски текст на ВМРО-ДПМНЕ, таа е документ за кој веќе постои највисок научен и општествен консензус. Формулациите и дефинициите се плод умот и мудроста, совеста и искуството содржани во МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Државата и нејзините интереси и карактеристики не е приватна тезга на никого, па ниту на Зоран Заев. Веќе четири години и покрај сите капитулации и отстапки, јалови се обидите на Зоран Заев да и обезбеди на Македонија европска иднина. Нашиот предлог е да се повикаме на највисоките научни авторитети, најдобрите професори, совеста и мудроста. Штом МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА се нашле повикани да обзнанат свој став за македонскиот јазик и идентитет, тоа го направиле зошто сигурно чувствувале дека е загрозен идентитетот. И ние и граѓаните и јавноста веруваме во потребата да се донесе национална позиција, токму каква што виделе овие три највисоки научни и општествени фактори.

Секоја сериозна држава поставува граница на сопствената надворешна политика и сопствените црвени линии. Бугарија тоа го има, но Македонија го нема. Зборот и ветувањата на Заев, простете, но не вредат ниту тронка. Нашиот предлог е политичките партии и Собранието на Република Македонија да постигне консензус врз основа на научен текст и дефиниции. Нашиот предлог нема политички формулации, нема партиски позиции, нема лични агенди. Но, има гаранции за македонската засебност, за македонската историја, за македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Ако тие не се доведени во прашање, како што вели Заев, зошто бега од нивно утврдување на највисоко државно ниво. Што е проблемот што го мачи Заев за да не застане пред Собранието и да ги потврди уште еднаш, посебно имајќи ги во предвид секојдневните и тенденциозни напади од страна на Бугарија, но и секојдневните и можеби неслучајни изјави од други европски политичари.

Aко СДСМ не се согласува со текстот кој е напишан од МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА слободно нека каже во кој дел, што е спорно или што е неточно во текстот на овие три јавни институции.

Но ако има согласност за тоа што е црвена линија, она што е наш идентитет и јазик, тогаш нема ниту една причина оваа резолуција да не е прифатена. Ако имавме во минатото државен консензус за националните прашања позицијата на секоја Влада до сега ќе беше многу посилна. Немаше народот да има оправдано чувство дека премногу се дава, а за возврат Македонија ништо не добива. Овде не се работи за ВМРО-ДПМНЕ, туку за потребата да се заштити идентитетот, јазикот, и нашетo достоинство. И не е важно ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту ДУИ, ниту било која друга политичка партија. Противењето на ова значи оставање простор за пазар, и секогаш кога настапувала пазарџиската дипломатија, за жал Македонија губела. Затоа оваа резолуција е работа околу која треба да се обедини Македонија, да го прифати гласот на македонската наука, да се дефинираат и да се заштитат границите на црвените линии на нашето постоење како Македонци. Оваа резолуција е прифатена од јавноста, потребна е и политичката поддршка. Нашиот повик е да покажеме дека можеме поинаку, можеме совесно, можеме достоинствено и се разбира можеме и обединето.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace