Еден од многуте трикови на СДСМ е воведувањето на таканаречената „евтина“ тарифа за електрична енергија. Со ваквата мерка се ветуваа пониски сметки, но ова е само една провидна лага бидејќи пред четири години додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт за иста количина потрошена електрична енергија, иако немаше евтина тарифа, сепак имаше пониска цена.
Ако пред четири години 400 kWh пресметани по тогашната тарифа изнесуваа 1692 денари, денес исто толку потрошена електрична енергија дури и со „евтината“ тарифа изнесува 2010 денари.Треба на сите да им е јасно зошто е тоа така. Добро знаеме дека целата потрошена електрична енергија не може да биде само во евтина тарифа, бидејќи никој не може да остане со исклучени електрични уреди во периодите од денот додека е скапата тарифа. Во најдобри случаи, на сите ни е доволно јасно дека најмногу може половината од потрошената електрична енергија да биде во „евтината“ тарифа, а останатата си се тарифира по скапата тарифа.
Во 2017 година додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт тарифата за електрична енергија беше 4,23 ден/kWh и потрошени 400 kWh електрична енергија пресметани по оваа тарифа изнесуваа 1692 денари.Сега евтината тарифа е 3,36 ден/kWh, а скапата високи 6,69 ден/kWh. Ако од 400 kWh половината, односно 200 kWh, се потрошени во евтина тарифа износот е 672 денари, а за останатите 200 kWh потрошени во скапа тарифа износот е 1338 денари, односно се добива вкупно 2010 денари. Сега за иста количина електрична енергија граѓаните би платиле 2010 денари, која пресметана по тарифата пред да дојде СДСМ на власт изнесуваше 1692 денари.
Вака изгледа популистичката „евтина“ тарифа со која СДСМ без трошка срам ги гледа во очи, ги потценува и омаловажува граѓаните.Воведувањето на евтината тарива не беше со цел да се излезе во пресрет на граѓаните, туку за да се затскрие енормното зголемување на цената на електричната енергија кое се случуваше изминативе години, а кое ескалира со последните две одлуки на Регулаторната комисија за енергетика.
Поради ваквите лоши политики на СДСМ во енергетиката, денес се плаќаат повисоки сметки за електрична енергија. Затоа на Македонија ú е потребно ВМРО-ДПМНЕ, за кое во прв план се граѓаните на Република Македонија.
Фејсбук коментар на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ