Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница упорно и во континуитет ги прозива градоначалникот на Виница и владеачката СДСМ во Виница подолг период наназад за партиските вработувања во администрацијата во Виница.
Состојбата со партизацијата на институциите кулминира во последно време со големиот број на вработувања пред се во локалната самоуправа каде се вработуваат нови вработени на неопределено време како и преку агенција за привремени вработувања на определен временски период., алармираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Виница.

“
Со оваа локална власт на СДС прашање на време е кога и вработените во општина Виница ќе добијат плата од 100 денари ![]()
Пред еден месец се комплетираше оглас за 2 нови вработувања
Во завршна фаза е реализиција на оглас за уште 4 нови вработувања
Овој месец речиси на неделна основа се полни општинската администрацијата и преку Агенцијата за привремени вработувања
Се вработуваат “стручни кадри” без кои општината не може да функционира, ДЕФЕКТОЛОЗИ, ПЕДАГОЗИ…
Го прашуваме градоначалникот Ивица Димитров, иако досега не собра храброст да одговори на ниту едно прашање, зошто овие партиски вработувања на неполни 3 месеци пред избори кога “убедливо” водите на анкетите ![]()
#ЧетириГодиниУкраденЖивот#ДостаЕ“
-нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ Виница.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово