Игор Ефтимов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип денеска на прес конференција ја обвини локалната власт во Штип предводена од градоначалникот на општината Сашко Николов за неквалитетната изработка на асфалтирањето на улица во централното градско подрачје во градот.
“Компанијата која го асфалтираше пристапниот пат до модуларната Ковид болница, е истата што пред неполн месец неквалитетно ја реконструираше улицата Кеј Маршал Тито.
Поради очигледните пропусти на главниот крвоток во Штип, го прашуваме Градоначалникот:
Кој ќе преземе одговорност за лошата изведба, после негативните оценки од страна на надзорот?
Дали се работи за зделка со личен интерес при соработката со оваа фирма?
И Докторе, должен си да одговориш – кој има најголем ќар од лошата и неквалитетна работа на оваа позната фирма? “
-соопшти Игор Ефтимов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип на денешната прес конференција.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи