БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе излезе со позитивна кампања, кампања на надеж која што ќе понуди решенија за акутните проблеми во нашето општество

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска претпладнево претседелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имаше учество на политичката академија во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондација Конрад Аденауер – Македонија насловена како: „Поттикнување на демократија на локално ниво – Градење на добри политики и стратегии за одржлив локален развој“.

Претседателот на опозициската партија пред почетокот на академијата даде своја изјава во врска со неговите очекувања за претстојните Локални избори во октомври

Тој во изјавата истакна дека очекува голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од општините на локалните избори на 17 октомври. Мицкоски, ова свое тврдење, како што кажа, го заснова на бројките од последните истражувања.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Соработката со Конрад Аденауер продолжува и на овие локални избори. Овие неколку денови за нас се исклучително значајни. Убеден сум дека се исклучително значајни и за идните членови или претседавачите на советот онаму каде што коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори. Јас очекувам согласно бројките и последните истражувања, таа победа да биде голема и во најголемиот дел од општините во Македонија, рече Мицкоски.

Според него, искуството кое членовите на партијата ќе го слушнат денеска не само од домашните предавачи туку и од луѓето кои доаѓаат од земјите – членки на ЕУ ќе бидат дополнителен мотив за идните градоначалници и членови на совет и дел од тие насоки да ги применат во своето работење. Пред се, како што рече Мицкоски мисли на екологијата, транспаретноста во работењето, отчетноста, дигитализација.

Тој ирази надеж дека многу брзо после овие избори ќе имаме нова Влада која, според него, ќе одржи лекција како се работи чесно и како се бори против криминалот и корупцијата кои што се акутна појава во нашето општество.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски повтори дека планираат да водат позитивна кампања за локалните избори и не планираат да се занимаваат со тоа колку градоначалниците на СДСМ и ДУИ се лоши и неспособни бидејќи тоа, според него, граѓаните го знаат.

-Ние сакаме на овие избори да излеземе со една позитивна кампања, кампања на надеж која што ќе понуди решенија за акутните проблеми во нашето општество, пред се тука мислам на борбата со криминалот и корупцијата, многу проекти, реализирани и остварени, отчетност, транспаретност и нормално чесна и честита работа од страна на сите,

-рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на академијата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace