БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Елеонора Рашковска како иден градоначалник на Берово ќе се бори да го врати неговиот поранешен сјај

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во интервју за порталот Курир кандидатката за градоначалник на општина Берово Елеонора Рашковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ зборува за повеќе работи кои му недистасуваат на ова мало градче во срцето на Малешевијата како и за нејзината визија каде ќе биде Берово после нејзиниот мандат како градоначалник во наредните 4 години.

“Пораснав на беровското корзо, кое повеќе го нема,  одев на кино во строгиот центар на градот веднаш спроти мојата куќа и тоа повеќе го нема и  сега е само руинирана грдосија, како деца одевме на градскиот базен, кој истотака повеќе го нема, каде му е местото денес на еден  од најстарите фудбалски клубови на Балканот, фудбалскиот клуб Малеш, нашата спортска гордост , зошто кога играше Малеш  цел град навиваше на трибините   и многу други работи кои ние како  деца  сме  ги имале, а  нашите  деца наместо да имаат повеќе, го немаат ниту тоа што ние сме го имале.

Поголем дел од фабриките се затворени или работат со намален капацитет , а нови фабрики не се отвараат, младите се селат , се помалку има занаетчии , сточари и земјоделци, се помалку се произведува малешевски компир и малешевското сирење, слива,  ракија .”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-вели Елеонора Рашковска во интервјуто.

“Мојата визија за Берово е мојот роден град да го врати стариот сјај кој го имаше, повторно да биде град на боеми, занаетчии и еснафи, град на културата, град во кој ќе ги задржиме младите и нивните семејства и така ќе бидат среќни и постарите, град во кој бабите и дедовците ќе ги чуваат своите внуци, а не да бидат онлајн баби и дедовци,  град на земјоделците и сточарите, град во кој повторно ќе го имаме беровското културно лето, град во кој ќе живеат задоволни и среќни луѓе, а не апатични и носталгични за нивните најблиски, Берово како развиено и препознатливо туристичко место, со добра инфраструктура и со сите услови за живот кои се еквивалент  за услови на 21 век.

Моето  Берово повторно да биде град на сите граѓани, затоа што луѓето денес се и најголемото богататство, во кој ќе биде вреден човечкиот збор и човечкиот образ, како што не учеле постарите .

И повторно на беровската чаршија да го слушам задоволното зборување на граѓаните додека одат на работа, смеата на децата и дружењето  на младите, седењето и дружењето на еснафот на  беровската чаршија , дружењето на пензионерите,   задоволни од исполнетиот ден што го имале во својот град.”

-вели таа за својата визија за Берово.

Целото интервју на кандидатот за градоначалник на Берово Елеонора Рашковска за порталот Курир може да го прочитате на сл. линк тука.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace