БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Објавен тизер трејлер за Матрикс 4: Воскреснувања и многу сме возбудени

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Филмската ккомпанија Ворнер Брос го објави краткиот тизер трејлер како најава за првиот главен трејлер за четвртото продолжение од филмската сага за Нео, матрицата и војната помеѓу машините и луѓето. Оригиналната трилогија заврши со мир помеѓу машините и луѓето добиен преку жртвата на главниот лик Нео од интерес и на машините со вештачка интелигенција и луѓето кои живеат под површината на земјата.

Тизер трејлерот го најавува и специјално дизајниранит веб сајт www.whatisthematrix.com “Изборот е ваш” на кој се прикажани двете легендарни пилули (црвената и сината) од оригиналната трилогија. со кликање на една од пилулите вие можете да изберете по кој пат ќе продолжите на сајтот. Притоа цело време ви се прикажуваат различни трејлери зависно од моменталното време во кое го гледате трејлерот. Од компанијата Ворнер Брос велат дека зависно од тоа во кој дел од денот изберете соодветна пилула можно е да погледнете еден од 180000 можни тизер трејлери кои стојат на располагање на публиката.

Објавата на првиот главен трејлер за Матрикс 4: Воскреснувања ќе биде во четврток во 6 часот наутро. Засега ништо не се знае за содржината на новото продолжение на Матрицата ниту за наративот на приказната. Во филмот повторно ќе настапат Киану Ривс како Нео и Кери Ен Мос како Тринити. Останата актерска екипа која ке се појави во филмот се актерите Yahya Abdul-Mateen II, Christina Ricci, Priyanka Chopra, Neil Patrick Harris, and Jada Pinkett Smith.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Светската премиера на филмот за пошироката светска публика е закажана за 22 декември кога синхронизирано филмот ќе биде пуштен во светските кино сали и на HBO Max мрежата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace