По повод Денот на независноста на Република Македонија, поранешниот Претседател на Владата на Република Македонија Никола Груевски упати честитка во јавноста до сите граѓани на државата:
“На 8-ми Септември 1991 година граѓаните на Македонија во огромно мнозинство го поддржаа референдумот за независност, по кој следеше одвојување од југословенската федерација која веќе беше во длабока криза и започнати воени конфликти. Иако повлекувањето од Македонија на Југословенската Народна Армија траеше и во дел од 1992 година и не одеше така едноставно, сепак 8-ми Септември е денот кој е симбол на независноста. Со тоа се оствари и вековниот сон на многу генерации кои понесоа огромни жртви заради остварување на тој стремеж за формирање самостојна, независна и суверена Република Македонија, без чии напори и делумни успеси немаше да постои можност да дојдеме до референдум на 8-ми Септември 1991 година. Носители на тој триумф беа сите граѓани на Македонија кои одлучно излегоа и гласаа за независноста и секако, тогашната влада на Македонија предводена од Премиерот Никола Кљусев чии членови се изложија на огромен личен ризик, како и Собранието, Претседателот на државата и политичките партии кои го дадоа својот потребен придонес во тој процес.
Оттогаш Македонија помина многу премрежија и кризи, многу напредок и успеси, како и многу падови и неуспеси, но придобивките од гласањето на овој референдум останаа трајна вредност, а Македонија денес слави 30 години независност.
Државата, независноста и слободата треба да се чуваат, зајакнуваат и надградуваат за да се имаат и тие не се еднаш за секогаш добиени. Ова воедно е и обврска на денешната и сите идни генерации Македонци и сите граѓани на Македонија, како и нивните политички претставници.
Нека е честит празникот на независноста! Нека е вечна Македонија!”
-напиша Никола Груевски на фејсбук.
На 8-ми Септември 1991 година граѓаните на Македонија во огромно мнозинство го поддржаа референдумот за независност. Со тоа се оствари и вековниот сон на многу генерации за независна и суверена Република Македонија
— Nikola Gruevski (@GruevskiNikola) September 8, 2021
Нека е честит празникот на независноста!
Нека е вечна Македонија!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КОГА КАРАКТЕРОТ ЌЕ СТАНЕ ПОГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ ОД НЕЗНАЕЊЕТО
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија