Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и на денешниот празничен ден кога Македонија празнува 30 години независност мораше да го посети историското Разловци на повик на својата докторска струка. Попатно времето го искористи за дружење со гордите и прекрасни жители на селото Разловци.
– Велат колку разловчани-толку приказни! А секоја приказна вредна за свое ново востание…
“Денеска празнично во историското Разловци, меѓу жителите со кои се познаваме веќе со години. Сме биле еден покрај друг и за добро и за лошо, така и ќе остане. Разговаравме за се она што ги тишти, она што може да се промени. Споделија што се случуваше пред месец дена со пожарите и како се справија со истите. Ќе го сочуваме достоинството на Разловци и ќе го искористиме целиот потенцијал што го нуди. Знаеме како, имаме визија.Македонија за сите луѓе!”
-напиша на социјалните мрежи Д-р Николчо Стојменовски- кандидат за градоначалник на Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи