Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Иван Јорданов денешниот празничен ден на кој се празнуваше 30 годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија, го помина со празнично дружење со жителите на населбата Бабо во Штип.
“Населбата Баби има проблеми, за кои Локалната самоуправа до сега немала слух и граѓаните ги оставала во немилост. Ние нашите ветувања ги ограничуваме во решавање на најважните прашања во надлежност на општината и имаме слух за подобрување на животот и на најмладиот, и на најстариот жител на најбројната населба во Штип!”
-напиша на социјалните мрежи Иван Јорданов во врска со оваа средба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа