Со своја реакција во јавноста во врска со сведоштвото на Ибин Емшиу за премрежјата и трагедијата што ги доживеал во тетовската ковид болница каде ги изгуби својот брат и својот татко, се обрати Претседателот ан ВМРО-ДПМНЕ Хтистијан Мицкоски.
Тој алармираше за корупцијата во болницата одс страна на медицинските лица врз несреќните пациенти, за која што сведочеше Емшиу. Но она што загрижува според Мицкоски е прашањето кој му се заканувал на несреќниот граѓанин за неговите сведоштва за несреќата која го снашла.
“Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се барале пари за нега на пациент. Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа.
Прашањето е кој се заканувал? Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара? За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче и Заев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност.Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери.”
-напиша на фејсбук Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации
Апасиев: Фрлете им ја медицината на кучињата, таа и онака веќе не е за сиромашните