Кандидатот за градоначалник на општина Кочани Љупчо Папазов во јавноста упати свое соопштение по повод почетокот на предизборната кампања.
Во продолжемие во целост интегрално го пренесувам,е неговото соопштение:
“Почитувани сограѓани, Почитувани медиуми,
Се собравме во еден тим да заеднички понудиме нови идеи, проекти и квалитетни решенија за нашата општина. Кочани заслужува модерен и одржлив развој, вреднување на знаењата и способностите на секој поединец, стабилни услови за извесна иднина… Рационалното располагањето со парите на граѓаните бара чесен пристап од докажани професионалци. Затоа, одговорно се посветуваме на решавање на потребите и проблемите на граѓаните од следниве општествени области:
1. Комунални работи, инфраструктура и сообраќај
2. Зачувување на животната средина и урбанизам
3. Локален економски развој и туризам
4. Младите и образованието
5. Безбедноста и противпожарна заштита
6. Социјалната заштита
7. НВО и меѓународна соработка
Нашата програма и проекти во престојниот период ќе ги споделуваме секојдневно, со што би ги запознале граѓаните со енергијата и креативноста на нашиот тим кои се ставени целосно во функција на исполнување на реално остварливи проекти за создавање нова перспективна иднина за Кочани
Ви благодарам. Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани”
-стои во соопштението до јавноста ан кандидатот за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Папазов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!